Санацијата на дефектот на улицата „Гоце Делчев” е завршена и водоснабдувањето се нормализира информираат од ЈП Водовод Охрид.

Екипите од раните утрински часови работеа на санација на големиот дефект на улицата „Гоце Делчев” и поради технички компликации настанати во текот на работата прекинот во водоснабдувањето траеше подолго.

Инаку дефектот беше на главната линија на улицата „Гоце Делчев”, по што во прекин беше водоснабдувањето во населбите Кошишта, Воска и делови од Стар град, како и на споредните улици од улицата „Гоце Делчев”, на потегот од LC Waikiki до крстосницата со улицата “Бистрица”.

OhridNews