Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, во 13.46 часот, регистриран е земјотрес со јачина од 3.7 степени со епицентар на 5 километри северо западно од Ресен. Епицентарот на земјотресот, кој се почувствува во Охрид бил на длабочина од 10 километри.

Во текот на минатата ноќ беа регистрирани уште неколку земјотреси во близина на Охрид и Косел.

Во 1 часот и две минути, регистриран е земјотрес со јачина од 3.3 степени со епицентар на 8 километри оддалеченост од Охрид. Во 02:48 часот е земјотрес со јачина од 2.4 степени на 10 километри од Косел со епицентар на длабочина од 2 километри, а во 03:15 часот потрес со јачина од 2.7 степени.

OhridNews