Граѓани реагираат дека недоволно се обраќа внимание на јавните површини. Таква е состојбата со тротоарите на ул. „Карпош Војвода“ кои се обраснати со трева.
Грда слика претстува и зелената површина на булеварот „Туристичка“ помеѓу основното музичко училиште и станбениот блок кај стариот Архив, чии дворови, пак, се убаво уредени. Но, слободната зелена површина околу нив е обрасната со висока трева.
Граѓаните бараат надлежните да интервенираат и да преземат соодветни мерки.
OhridNews














