Екипата на Охрид продолжи со позитивни резултати на домашен терен, победувајќи го Велазерими со 1-0, во мечот од 14-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ до триумфот стигнаа со погодокот на Александар Целески во вториот дел, а подобар противник беа од почетокот до крајот на натпреварот.

Симоновски (3): Осми натпревар со „чиста“ мрежа за охридскиот голман. Сигурни интервенции во двата обиди, кои ги имаше Велазерими.

Маркоски (3) – Цуцули (3) – Трпески (3): Потесната одбрана заедно со Симоновски на висина од задачата. Добија голем дел од дуелите со напаѓачите од Велазерими и уште еднаш покажаа дека се адутот на охриѓани.

Вељаноски (3) – Ариф (3): Еден од најдобрите мечеви на охридските бекови. Во одбрана стабилни и без грешка, додека во напад активни, како никогаш до сега. Вељаноски беше творец на погодокот, асистирајќи до Целески кој ја затресе мрежата.

Алији (3) – Ѓорѓиески (3): Двајцата беа мотор на екипата. Алији не уморно се бореше за секоја топка, додека Ѓорѓиески воспостави контрола на средината од теренот. Нивниот учинок беше голем во триумфот.

Целески (3) – Бакулески (3) – Реџепи (3): Ударното трио во нападот ја заврши својата работа и постигна погодок, кој се покажа доволен за конечна победа. Целески беше стрелец. Бакулески се разигра пред крајот на првиот дел и имаше добри две прилики, додека Реџепи не ги остави да дишат одбранбените фудбалери од противничкиот состав.

  • Измени:

Дишлиевски (3): Влезе во 74-та минута на местото од Целески. Агресивен во нападите на стоперите од Велазерими, не дозволувајќи им да организираа акција.

Ристески (/): Влезе во судиското продолжение.

Драган Бочески (3): Формациски стандард 3-5-2, а и не тактизираше со составот, уфрлувајќи ги во игра од стартот Целески и Реџепи. Екипата добро подготвена за дуелот со кичевчани, кои имаат млад и амбициозен состав.

Мх.П.

 

Нов триумф на Охрид, Целески стрелаше за три бодови

Втора МФЛ: Навивачите го засенија супер дербито на истокот, Охрид се проби во топ 4 (видео)

Наум Вељаноски: Заслужена победа во тврд и тежок натпревар