Од Нова година ќе поскапи дизелот  во Македонија. Владата планира покачување на акцизата на нафта за 3 денари, што ќе предизвика поскапување на дизел горивото за 3,5 денари, информираше денеска министерот за финансиии Драган Тевдовски на јавната дебата по предлог буџетот за 2018 година.

Министерот објасни дека причина за поскапувањето на нафтата биле европските препораки за заштита на животната средина, посчувајќи дека и со тоа цената на дизелот во Македонија ќе биде најниска во регионот.

Се очекува поскапувањето на акцизата на нафтата да донесе приходи во буџетот од 1,6 милијарди денари, како и дополнителни 360 милиони по основ на ДДВ. 

Како ќе се одрази ваквото поскапување на цените на останатите услуги кои се поврзани со потрошувачката на дизел горивото, дотолку повеќе што се очекува да поскапат трошоците на транспортот, останува да се види.

OhridNews