Среда, 15 ноември 2017 година, почнува да важи обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март наредната година. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со потсетување за законските одредби кои треба да ги почитуваат возачите за управување со возило во зимски услови.

На секој возач кој постапува спротивно на одредбите од законот ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарскапротивредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови. Полициски службеник има право да му нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајни отзнак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави зимската опрема на возилото.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, апелира до возачите,  да направат зимска проверка и подготовка на своето возило,  навремено да ја обезбедат потребната зимска опрема и истата секогаш да ја носат во своето возило и правилно да ја користат, бидејки само на тој начин, ќе се овозможат услови за безбедно управување со возилото во зимски услови и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација.

OhridNews