Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од денес, цената на Евросупер БС 95 и на Евродизелот останува иста, а Евросупер БС 98 се зголемува половина денар.

Во согласност со новата одлука, цената на Евросупер БС 95 е 62 денара за литар, а на дизелот 48 денари за литар. Малопродажната цена на „евросупер БС 98“ изнесува 64 денари за литар.

Екстра-лесното масло за домаќинство се намалува 0,50 денари за литар, а мазутот „М-1 НС“ се намалува 0,204 денари за килограм и тој се купува за цена од 23,993 денари за килограм.