31-годишен охриѓанец вчера, околу 17 часот, пријавил дека во периодот од 19.00 часот на 01.05.2017 година до 15.00 часот на 02.05.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот дом. Сторителот влегол внатре и одзел поголема количина на златен накит и околу  9. 000 евра.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

OhridNews