– Како човек кој доаѓа од приватниот сектор одговорно тврдам дека истиот се наоѓа во незавидна состојба поради лоша бизнис клима и лошите услови за стопанисување, како и недефинирани правила на игри. Либерално демократската партија става силен акцент на малите и средни претпријатија, преку зголемување на буџетската подршка. Ќе се залага за нулта стапка данок на добивка, со што 270 милиони евра ќе останат во економијата. Нулта стапка на данок на добивка, укинување на дискриминаторскиот данок на вкупен приход за микро претпријатијата, намалување на нулта толеранција за неплаќањето на обврските на владата, отварањето на нови работни места, зајакнување на економијата и спречување на одлив на мозоци, се само дел од реално спроведливите мерки за кои се залага ЛДП, рече Блажески.
Од генерација на транзиција, со ЛДП младите ќе станат генерација на успехот
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










