Согласно одлуката донесена на продолжението од 23- та седница на советот, Охрид ќе добие автопазар кој ќе биде лоциран на дел од паркинг просторот кај градските гробишта.

Јавните претпријатија  „Градски пазар“ и „Градски гробишта“ постигнаа меѓусебен договор околу локацијата која е во сопственост на „Градски гробишта“. Делот од паркингот кај градските гробишта кој е предвиден за ваквата намена деновиве се уредува, информира секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески.

Најавите се дека автопазарот ќе почне со работа кон средината на идниот месец.

Т.К.