Од ноќеска на полноќ цената на дизелот се зголемува за 5,5 денари за литар, на бензините за 1,5 денари за литар, додека на Екстра лесното масло за домаќинство за 4,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Согласно одлуката новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 88 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-95 87 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 89 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 86 денари за литар.

И кај мазутот М-1 НС е утврдено зголемување од 0,938 денари за килограм, со што новата цена ќе биде 42,168 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,467%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 11,010%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 9,189% и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,604%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 53,9531 ден/$ и е за околу 0,3249% понизок од курсот на доларот (54,1290 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, односно од 6-ти јули. Имајќи ги предвид влијанијата на погоре наведените елементи во формирањето на цените на нафтените деривати согласно Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати, се зголемуваат во просек за 3,59%, појаснуваат од РКЕ.

OhridNews