Младите музички таленти од ОМУ „Методи Патчев“ продолжуваат да нижат успеси. Од секој одржан натпревар се враќаат со грст освоени награди,постојано  докажувајќи го својот врвен музички талент и дека остануваат меѓу најдобрите.

На неодамна одржаниот регионален натпревар во Битола, учениците од охридското основно музичко училиште  освоија две први специјални награди и четири први награди по солфеж, две први награди,две втори и исто толку трети награди по пијано, две први награди,три втори и една трета награда по виолина, една прва и една втора награда по кларинет, прва награда по флејта и една прва и една втора награда по камерна музика.

Со тоа, учениците кои освоија први и втори награди се пласираа да учествуваат на републичкиот натпревар што во наредните два дена ќе се одржи во Скопје.  

Младите музичари кои учествуваа на регионалниот натпревар во Битола, беа меѓу најдобрите на претходно одржаниот општински натпревар во Охрид, каде учениците од ОМУ „Методи Патчев“ освоија четири први специјални награди, единаесет први награди, осум втори и една трета награда.

OhridNews