Денеска се навршуваат 18 години од потпишувањето на Рамковниот договор, со кој беше ставен крај на конфликтот во 2001 година во Македонија.

Одбележана 18-годишнината од Рамковниот договор

Договорот го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДПА Арбен Џафери и на ПДП Имер Имери. Во својство на гаранти, до134кументот кој е познат и како Охридски договор, го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

  • Изминаа 18 години откако на денешен ден во 2001 година политичарите по долгите исцрпувачки преговори постигнаа договор и ставија крај на конфликт кој ѝ се закануваше на земјата. Охридскиот рамковен договор постави основа за натамошно градење доверба помеѓу различните етнички заедници кои живеат тука, во иста земја, под исто сонце. Договорот гарантираше дека насилството не смее и никогаш веќе нема да биде механизам за остварување какви било политички цели и интереси. Денес во нашата земја се гарантира целосно почитување на принципот на недискриминација, како и рамноправен и правичен третман на сите лица пред законот. – истакна премиерот Зоран Заев по повод 18-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

OhridNewws