Во организација на општина Охрид, денеска се одржа  свеченост по повод одбележувањето на 105 години од Охридското востание. На одбележувањето, беше прикажан видео- запис од документарниот филм „ Охридско востание“ (македонско-албански бунт) на режисерот Илија Пиперкоски, а историски час  одржа д-р Никола Митровиќ.

Македонско-албанскиот бунт, односно Охридското востание се случило во септември 1913 година, на само два месеци по крваво задушеното Тиквешко востание во кое биле убиени повеќе од 1.200 луѓе од тогашната српска војска и домашните предавници и еден месец по потпишувањето на Букурешкиот договор.

На чело на востанието застанале охриѓанецот Петар Чаулев и стружанецот Милан Матов, брат на Христо Матов. Биле ослободени Охрид, Струга, Дебар и Кичево во содејство на четите на ВМРО и на албански востаници. Востанието имало тајна поддршка од младата албанска држава и биле формирани тела со мешан состав.

По повод 105 години од Охридското востание делегации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и МК Велгошти денес положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на стреланите востаници за време на востанието во 1913 година.

OhridNews