Со положување цвеќе пред спомен бистите на револуционерот Христо Узунов и со свечена програма по повод патрониот празник во ОУ „Христо Узунов“ беше одбележена годишнината од неговата смрт.
Делегација од Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, положи свежо цвеќе пред спомен бистата на револуционерот во дворот на ООУ „Христо Узунов“.
Во рамки на одбележувањето на годишнината од смртта на Узунов делегација на Општина Охрид предводена од претседателот на Советот, Сашо Донев положи свежо цвеќе пред спомен бистата на револуционерот во градскиот парк.
Цвеќе положија и останати претставници од политичкиот и јавниот живот во градов.
OhridNews


















