Сто и осумнаесет години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ се одбележуваат денеска на на 2 Август – Денот на Републиката. Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со Првото заседание на АСНОМ беа поставени столбовите на Републиката и на државноста.

Институциите ја објавија агендата за денешното чевствување, според која оваа година премиерот Зоран Заев ќе одржи говор во Пелинце, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се обрати на настаните организирани во Скопје, а претседателот на државата Стево Пендаровски ќе присустува на манифестацијата во Крушево, но како што најави нема да одржи политички говор и подоцна во текот на денот во Крушево ги повика да присустуваат претставниците на државниот врв, но и лидерите на сите парламентарни политички партии.

Шефот на државата најави дека на централната манифестација во Крушево во 18 часот ги поканил претставниците на државниот врв, но и лидерите на сите парламентарни партии. Истакна дека оваа година нема да одржи политички говор на Мечкин Камен, туку ќе има кусо видео-обраќање по повод Денот на Републиката. Според шефот на државата она што досега се случувало во Крушево е повеќе разединување отколку обединување, следејќи ја целата досегашната пракса на прослава на државниот празник.

Поканата ja прифатија претставниците на државниот врв, меѓу нив Заев, кој заедно со министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од Пелинце ќе заминат за Крушево. Поканата ја прифатил и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да замине за Крушево, туку најави дека традиционално 2 Август ќе го помине во населеното место Ташмаруништа, во близина на Струга.

Новиот концепт на прослава на Илинден инициран од претседателот Пендаровски, тој го нараче импровизирано чествување на најголемиот празник на македонскиот народ, кој според Крушевскиот манифест, вели, е и празник на нашите сограѓани без разлика на етничката припадност.
Програмските содржини во Пелинце започнуваат со положување на свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар, по што ќе започне првиот дел од пригодната празнична културно-уметничка програма. Потоа следува обраќање на премиерот Заев и завршниот дел од културно-уметничката програма.

Државните почести по повод Денот на Републиката во Крушево, во организација на претседателот Пендаровски започнуваат со панихида во храмот Св.Никола во 10:20 часот, по што ќе следува полагање цвеќе на гробот на Никола Карев, празнична програма пред споменичниот комплекс Македониум и полагање цвеќе на споменикот на хероите на Слива. Владината делегација во овој дел од програмата ја сочинуваат министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за локална самоуправа Горан Милески, и заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани.

Централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август – Денот на Републиката ќе започне во 18 часот на Мечкин Камен со поздрав на илинденската коњаница проследена со костимирана придружба, поздрав на Армијата на Република Северна Македонија и со полагање на цвеќе и венци на споменикот на Мечкин Камен, по што ќе следува празничната културно-уметничка програма посветена на двата Илиндена.

Во рамки на културно-уметничка програма на која ќе настапат ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, ансамблот на албански народни ора и песни во, Влатко Стефановски и настап на воениот оркестар на Армијата. Во рамки на културно-уметничката програма, Никола Ристановски ќе одржи пригодна реч со пораки за Илинден.

Програмата за одбележување на Денот на Републиката и оваа година го опфаќа и традиционалното чествување на Илинден во Смилево во организација на Општина Демир Хисар. Програмските содржини во Смилево почнуваат со положување цвеќе на могилата Даме Груев, споменикот на Смилевските илинденци и спомен плочата на Смилевскиот партизански одред во девет часот, по што следува посета на Меморијалниот музеј и положување цвеќе на споменикот на Даме Груев.

Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија во Смилево ја предводи заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање  Христина Оџаклиеска, наведуваат од Владата.

 

ОhridNews