Во сабота, 7 ноември, точно во 15:00 часот, Tino’s Bowling официјално ги отвора вратите на новиот забавно-рекреативен комплекс на булевар „15 Корпус“.

Модерна куглана, богата забавна понуда и простор создаден за дружење и добри моменти е концептот со кој Tino’s Bowling ќе ги пречека првите посетители.

Отворањето на 7 Ноември, што се совпаѓа со Денот на ослободувањето на Охрид, празник со посебно значење за градот, нема да заврши само со куглање. Од 21:00 часот забавата се засилува со DJ Regie Rrules, кој ќе биде задолжен за музичкиот дел од вечерта и атмосферата на официјалното отворање.

Уште 4 дена. Топката е подготвена, кеглите се поставени, во сабота започнува забавата! 

Tino’s Bowling е замислен како место за различни генерации, за дружба со пријателите, семејна забава, рекреација, но и за оние кои сакаат поинаква вечерна забава во Охрид.

OhridNews Promo