Атлетичарите на АК Охрид трчаТ продолжуваат да редат успеси и да го потврдуваат својот квалитет на националната сцена. На Националниот куп во фрлачки дисциплини, кој се одржа паралелно со турнирот во скокачки дисциплини, нашите натпреварувачи настапија со висока мотивација и одлична подготвеност, што резултираше со низа значајни пласмани и освоени медали.

Во категоријата (U18), Сара Спасеска имаше уште еден многу успешен настап, освојувајќи две втори места – во дисциплините ѓуле и копје.
Во категоријата (U16), Симеон Јовановски исто така се истакна со одличен резултат во дисциплината копје, каде го освои второто место.
Игор Тунтев (U16), имаше многу успешен настап, освојувајќи прво место во дисциплината диск, додека во ѓуле се пласираше на третото место, со што придонесе за одличниот вкупен успех на тимот.
Овие резултати претставуваат јасен показател за посветената работа, континуираниот тренажен процес и правилниот развој на атлетичарите во рамките на клубот. АК Охрид трчаТ продолжува да создава млади спортисти кои со своите настапи достојно го претставуваат клубот и градот, оставајќи силен впечаток на националните натпреварувања. Со ваков пристап и ентузијазам, очекувањата за следните натпревари се уште поголеми, а овие успеси се само дополнителна мотивација за нови достигнувања, посочуваат од клубот.
OhridNews











