Повторениот судски процес за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски, што се случи на дочекот на Новата 2016-та година во центарот на Охрид, што требаше да започне денеска, е одложен поради неможност на обвинителната клупа од затворот во Скопје да биде донесен осудениот Бојан Угреновиќ (30) од Р.Србија. Тој беше осуден на казна затвор во траење од 16 години. Токму висината на казната била причина Апелацискиот суд во Битола да го врати случајот на повторно судење.
Почетокот на повторениот судски процес е пролонгиран за 6-ти јули, што предизвика негодување кај семејството на оштетената страна.
– Повтореното судење е закажано на датумот на раѓање на Димитар. Наместо да славиме роденден, сега покрај тоа што го нема, ќе треба да поминеме низ уште една траума. Се надеваме дека судот ќе ја потврди изречената казна која сметаме дека не е висока. – рекоа блиските на убиениот.
Г.М.












