Денеска во просториите на ООУ Братство Единство Охрид се одржа V Рапид турнир Езерски Бисер 2026, на кој учествуваа 50 шахисти од Македонија и Албанија.

Турнирот се играше по Швајцарски систем во 9 кола со темпо на игра 10’05”. Најдобро пласирана шахистка беше Јана Анѓелкоска, најдобро пласиран млад шахист Никола Павлески ШК Алкалоид Скопје, најдобро пласиран шахист во категорија 60+ Томица Брзевски ШК Шах Шех Битола.

Прво место, златен медал и сувенирот, бисерна кралица, го освои Тоде Куков ШК Карпош Скопје со 7,5 поени, сребрен медал за Петровски Иван ШК Шах Шех Битола со 7 поени, бронзен медал за Гоце Шапкароски ШК Ласкер Охрид со 6,5 поени и најдобар Бухолц, четврто место за Елвис Кола со 6,5 поени од Република Албанија и петто место за Дејан Ѓорѓиески ШК Прилеп Прилеп со 6,5 поени и послаб Бухолц од четвртопласираниот шахист, информира ШК Ласкер Охрид.

Клубот упати благодарност до Општина Охрид и ООУ Братсво Единство Охрид. кои го помогнаа одржувањето на турнирот.

OhridNews