Викендов беше одржана последната работилница наменета за Граѓанска наука во Национален парк Галичица.
Ги презентиравме досегашните резултати и на наша огромна радост успеавме да ги пронајдеме речиси сите 13 Натура 2000 видови, имавме 40 опсервации, а добиените податоци ќе бидат вметнати во базата на податоци на НП Галичица. Изминатите месеци направивме премногу во процесот Граѓанска наука, имавме одлични резултати и броевме 56 волонтери. Заедничките обуки и теренски активности ќе ни бидат одличен мотив за да продолжиме и наредната година, велат од ЈУНП Галичица.
Упатуваат благодарност до Prespa Ohrid Nature Trust – PONT за постојаната поддршка и мотивација младите да креираат новини во заштитените подрачја.
Граѓанска наука претатвува нов пристап за истражување во НП Галичица со вклучување на јавноста во елементите на истражувачкиот процес, обезбедувајќи вредни научни сознанија и уникатно образовно искуство за учесниците
ЈУНП Галичица во месец ноември минатата година започна со реализација на Citizen Science или Граѓанска наука, во рамки на проектот Натура 2000 кој се спроведува од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање
OhridNews















