Одржано петтото издание на „Охрид трчаТ – Детска трка“
14.05.26 11:06
Првачињата од сите основни училишта од Охрид и Дебрца вчера беа дел од петтото издание на „Охрид трчаТ – Детска трка“, што се одржа на стадионот „Билјанини Извори“ во организација на АК Охрид ТрчаТ, а со поддршка од Општина Охрид и голем број општествено одговорни компании.
Настанот има за цел да ги мотивира најмладите да спортуваат, да се дружат и да развиваат физички вештини.
Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, ги поздрави учесниците и истакна дека спортскиот дух се гради уште од најрана возраст, нагласувајќи дека ваквите манифестации имаат големо значење за здравиот развој на децата.
Охрид трчаТ детската трка одамна не е само настан, таа е порака за иднината, за навиките што мора да ги создаваме и за вредностите што сакаме децата да ги носат со себе. Без обврска. Без интерес. Но со огромна љубов, ентузијазам и верба дека секое дете заслужува момент во кој ќе се почувствува важно, среќно и поддржано. Горди сме што годинава ја испративме и петтата генерација првоодделенци од Општина Охрид и Дебрца, велат од АК Охрид ТрчаТ.
Воедно, посочуваат дека најголемата победа не е резултатот, туку кога децата растат со насмевка, спортски дух и чувство дека припаѓаат и се дел од заедницата.
Учеството на трката беше бесплатно, а за сите учесници беа обезбедени маица, финишер медал, вода и пригодни подароци.
Во рамките на 5 коло од Првата македонска фудбалска лига (жени), на стадионот во Струга, екипата на Пелистер Про 2026 забележа минимална победа од 1:0 против АС Јунајтед Единствениот гол на натпрев...
Од 24 до 26 септември, Охрид ќе биде домаќин на „Трофеј Македонија“, турнир кој со право може да се нарече мини Балканско првенство, бидејќи на едно место ќе ги собере женските репрезентации на Мак...
На 14 септември 2011 година Македонија испиша една од најсветлите страници во својата спортска историја Во Каунас, македонските кошаркари го совладаа домаќинот Литванија со 67:65 и се пласираа во п...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.