Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, утрово ја ограбил бензинската пумпа на Макпетрол, кај новите гробишта, во Охрид, соопшти СВР.

Според полицијата, разбојникот во 3 часот и 45 минути влегол  во бензинската пумпа на улица 15 Корпус и го вперил оружјето во вработениот К.П (45).  Заканувајќи му се дека ќе го убие, насилно му ја одзел торбата во која бил дневниот промет во износ од 14.820 денари, по што избегал.

На лице место на грабежот е извршен криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен Обвинител и Истражен судија, а СВР Охрид превзема интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот.

Ohridnews