Локалните ограноци на поголемите политички партии во Охрид ветуваат фер изборна кампања, но веќе укажуваат на одредени притисоци, кои како што тврдат се случуват на терен. Опозицијата за тоа ја обвинува власта, која пак смета дека тоа е само алиби на опозицијата која се обидува однапред да го оправда поразот на предвремените парламентарни избори. Владејачката партија е убедена дека ќе го повтори успехот од минатите парламентарни избори, а опозицијата дека ќе дојде со промена на власта. Најавена е иницијатива за средба на претставници на охридските ограноци на политичките партии со цел да се смират тензиите пред почетокот на изборната кампања. Тие ветуваат дека ќе сторат се што е во нивна моќ претстојните избори да минат во демократска атмосфера и да не ја загрозат туристичката сезона која е на прагот.
За очекувањата од изборите, за теориите на завера, притисоци и сценарија, во специјанта емисија посветена на претстојните парламентарни избори што ја подготви OhridNews, говорат претставници на ограноци на партии од Охрид.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com