Огромен успех на талентираната 14-годишна охриѓанка Емилија Николовска на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки што деновиве се одржа во Доха – Катар. Емилија во Македонија се враќа со освоен бронзен медал, што претставува исклучителен успех имајќи предвид дека на олимпијадата учествуваа 400 претставници од 70 земји од светот.

  • Емилија е презадоволна од постигнатиот успех, како личниот, така и од целата екипа која замина во Катар, изјавија за OhridNews родителите на Емилија.

Огромен успех постигнаа и останатите членови од шестчлената екипа млади натпреварувачи од Македонија кои освоија и две сребрени и уште две бронзени медали.

  • Ова е дефинитивно најдобриот тим од Македонија кој учествувал на меѓународна олимпијада по природни науки, изјавија професори од Природно математичкиот факултет.

На Олимпијадата во Катар, Емилија замина на 2 декември заедно со тројца професори и останатите пет учесници од Македонија.

Тања Кувенџиска

 

Големиот охридски талент по природни науки Емилија Николовска ќе се натпреварува на Олимпијада во Катар