Исак Љатко, член на Карате клубот „Чоле“ од Охрид, го освои првото место во ката на меѓународниот турнир „Трофеј Бар 2026“, што се одржа на 21 и 22 ноември во Бар, Црна Гора.

Љатко настапи во категоријата ката за момчиња родени во 2015 година. Според охридскиот клуб, во неговата категорија се натпреваруваа и освојувачи на медали од балкански првенства.

На дводневниот турнир учествуваа вкупно 721 натпреварувач од 43 клуба од шест држави.

OhridNews