Во периодот од 16 до 18 февруари оваа година, на подрачјето на СВР Охрид се реализираа повеќе сообраќајни акциски контроли во кои полициските службеници контролираа вкупно 314 патнички и други моторни возила, од кои 83 во Охрид, а 89 во Струга.

Police officer holds the stop sign in his hand in Belgrade, Serbia. 22.04.2017. Mondo/Stefan Stojanovic

Вкупно 40 возачи од Охрид и 56 од Струга биле алкотестирани, пришто, присуство на алкохол во крвта било утврдено кај три лица од Охрид-3, а едно во Струга. Тие веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

  • На подрачјето на Кичево, беше извршена посебна контрола на возила кои вршат јавен превоз при што беа контролирани 34 автобуси и беа упатени во станиците за технички преглед. Кај пет автобуси биле констатирани одредени технички неисправности, а еден автобус веднаш е исклучен од сообраќај, вели Димоски.

По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 24 мандатни платни налози и 14 барања за поведување прекршочна постапка.

Акциските контроли биле спроведени со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и континуирано ќе се реализираат на целото подрачје.

OhridNews