На крстосницата на улица „Васил Главинов“ во Охрид, вчера, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Баотијан“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 56-годишна охриѓанка и патничко возило „Фиат Добло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 71-годишно лице од Охрид.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила жената на мопедот која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата „Св.Еразмо“.

Увид на местото извршила извршила екипа од СВР Охрид.

OhridNews