По првата фаза од натпреварувањето со максимален ефект од три победи се носителите во групите, екипите на Вис Пој, Марлин Лескоец и Скопско.


вистинските возбудувања до прва престојат – Скопско

Без пораз со биланс од две победи и една нерешна средба се екипите на Бекче и Џале Турс, додека исто така без пораз но со една победа и две нерешени е екипата на Фаворит.

Со по две победи и пораз во осмина финалните групи пласман обезбедија екипите на Далче, х.Чинго, Ликвид и Х. Тино.

Како две најдобро рангирани трето пласирани екипи пласман осигураа Манге и П.Керамика – Круме.


задоволни од досегашниот тек на трунирот – Организаиониот Одбор

Пласман во понатамошната фаза и покрај тоа што на турнирот настапи како носител во Д групата нe обезбеди Авто Школата Блег – Сив, натпреварите во првата фаза ги завршија и Маркетите Гранде како и спортската обложувалница Премиер.

Без победа натпреварите по групи ги завршија тимовите на Подгорка, Екстра Маркет, ЈП Комуналец, Х. Инекс Горица и екипата на Х. Ривера.


Најмногу голови во првата фаза постигна тимот на кафе барот Ликвид 20, додека по 19 гола постигнаа екипите на Бекче и Марлин Лескоец.

Најмногу примени голови имаше најмладиот тим на трунирот Подгорка 30, додека мрежата на х. Ривиера се тресеше 28 пати.

Најмалку голови, само два прими тимот на Џале Турс.


немаше многу работа во првиот дел – Др. Душкоски

Најефиксниот натпревар во првата фаза го одиграа тимовите на Ликвид и Инекс Горица 13-6. Единствениот натпревар без голови 0-0, го одиграа екипите на Џале Турс и П. Керамика-Круме.


2-2 билансот на дадени и промашени пенали

Дисциплинирани беа играчите во првата фаза, па судиите немаа поголеми проблеми.Имаше само три исклучувања, а беа досудени четири пенали од кои  на два пати успешни беа напаѓачите, а два пати успешни беа голманите.


го имаат најдобриот стрелец – Марлин

Листа на Стрелци :

1. Агушески Аднан   8 гола  Марлин Лескоец
2.
Миминоски Ершан 6 гола
Кафе Бар Ликвид
3.
Фармак Александар
6 гола
Хотел Тино
4.
Милошески Дејан
5 гола
Бекче
5.
Димоски Кристијан
5 гола
Кафе Бар Ликвид
6.
Стојаноски Митко
5 гола
Хотел Инекс Горица
7.
Лазарески Никола
4 гола
Спортска обложувалница Фаворит
8.
Цветкоски Никола
4 гола
Спортска обложувалница Фаворит
9.
Митрески Љупчо
4 гола
Скопско
10.
Јанев Никола
4 гола
Спортска обложувалница Премиер
11
Костески Димче
4 гола
Хотел Чинго

Вечерва играат :
20.00    Група Ѓ:  Вис Пој – Х.Чинго
21.00    Група Е:  Марлин – Далче
22.00    Група Ж: Бекче – Џале Турс

Мирко Постоловски