Се комплетираат ¼ финалните двојки во пресрет на последниот ден од осмина финалната фаза на турнирот во мал фудбал Охрид 2008. Првата четвртфинална двојка ја сочинуваат екипите на Марлин – Х. Чинго.

По возбудливото реми 2-2 екипата на Х.Чинго обезбеди пласман во ¼ финалето. Во директниот дуел со екипата на П.Керамика –Круме, екипата на Х. Чинго стигна до бод кој им ја осигура втората позиција во Ѓ групата. На два пати имаа предност од 1-0, и 2-1 , со головите на Џајкоски и Пешлиески. На 1-1 во првиот дел изрмна Ицкоски, додека во финишот на мечот Матески успеа само да го израмни резултатот на 2-2.

Прв во оваа група заврши тимот на Вис Пој кој својот противник во ¼ финалето ќе го добие по разврската во Е групата, каде во директен дуел Далче и Манге ќе го дадат второпласираниот тим.

Табела

1 Вис -Пој 0 8-3
2 Х.Чинго 2 0 2 0 4-4
2
3 П.Керамика –Круме 2 0 1 1 3-8 1

Резултати:

Вис Пој Х Чинго 2-2
Вис Пој П.Керамика –Круме 6-1
Х.Чинго П.Керамика – Круме 2-2


Реми одиграа екипите на Скопско- Фаворит (1-1), по кое Скопско обезбеди пласман во понатамошната фаза. Фаворит поведе преку Јованоски во првиот дел. Во второто полувреме во моментите кога имаа играч повеќе преку Митрески Скопско го израмни резултатот. Во продолжението Фаворит, имаше но не ја искористи предноста од играч повеќе. Серијата одбрани на голманот на Фаворит не дозволи во финишот резултатот да биде променет.


Издржаа и сега имаат меч топка -Фаворит

–    Наша цел беше да стигнеме до реми во што и успеавме, Скопско се едни од фаворитите на турниот, но со овај бод ние си ја подотворивме вратата за ¼ финалето– рече по завршувањето на мечот Стојаноски Аце од тимот на Фаворит
 
–    Тргнавме на три но стигнавме до еден бод. Имавме негатива од 0-1, притисниваме во вториот дел и стигнавме до бод кој не води во ¼ финалето – ни изјави стрелецот на голот за Скопско Митрески Љупчо.
 
Табела

Скопско 1 0 4-2
2 Фаворит 1 0 1 1 1-1 1
3 Х. Тино 1 0 0 1 1-3 0


Резултати:
Скопско – х. Тино   3-1
Скопско – Фаворит 1-1
Фаворит – Х. Тин
о


Одлучувачкиот натпревар во оваа група се игра во Петок во 21.00 часот. Само победа ја води екипата на  Х. Тино во ¼ финалето.

Минимално 1-0 со голот на Лолески, екипата на Бекче ја продолжи победничката серија и патот кон ¼ финалето. Резултатот сам по себе зборува за изедначеноста на мечот кој лесно можеше да заврши и нерешено.


сигурен чекор – Бекче

Одигравме онолку колку што беше потребно, за да стигнеме до ¼ финалето. Одиме чекор по чекор –рече по завршувањето не мечот Климоски Јорде од тимот на Бекче.

Табела

1 Бекче 0 0 5-1
2 Ликвид 1 0 0 1 0-1 0
3 Џале Турс 1 0 0 1 1-4 0

Резултати

Бекче Џале Турс 4-1
Бекче Ликвид 1-0
Ликвид џале Турс (Петок 22.00)

Денес на натпреварите е слободен ден.

Разврската околу патниците во 1/4 финалето е утре .

20.00 Група Е   Далче -Манге

21.00 Група3   Х. Тино – Фаворит

22.00 Група Ж Џале Турс  – Ликвид

Сабота 03.05.2008

 Натпревар бр 1     ¼ финале Вис Пој – Е2
 Натпревар бр 2     ¼ финале Марлин -Х. Чинго

Недела 04.05.2008

Натпревар бр 3    ¼ финале Бекче – З2
Натпревар бр 4    ¼ финале З1 – Ж2

Понеделник 05.05.2008

    Натпревар бр 5    ½ финале Победник Нат 1 – Победник Нат 3
    Натпревар бр 6    ½ финале Победник Нат 2 – Победник Нат 4


Среда    07.05.2008   

Трето место     Поразен Нат бр 5 – Поразен Нат Бр 6

          Финале     Победник Нат бр 5 – Победник нат бр 6