Од 15-ти до 19-ти септември, во Охрид во хотел Метропол, ќе се одржи четвртата по ред Меѓународна олимпијада по француски јазик, на која ќе учествуваат средношколци од шест земји.
На свеченото отварање на натпреварот ќе се обратат министерот за образование и наука Арбер Адеми, Претставник од Меѓународната организација за Франкофонија (ОИФ), Сесил Леке и Амбасадорот на Франција во Македонија, Н.Е.Г. Кристијан Тимоние.
На Меѓународната олимпијада по француски јазик ќе учествуваат средношколци од Албанија, Ерменија, Бугарија, Молдавија, Романија и Македонија.
OhridNews












