Сојузот акцијаши и волонтери на Македонија на 13.05.2017 година (сабота) во 12 часот, во Големата сала на општина Охрид ќе го оддржи првото Годишно собрание, на кое ќе се разгледа извештајот за едногодишната активност и можноста за организирање меѓународен волонтерски камп “Охрид 2017“.
Лицата кои први со својата хуманост, солидарност и акција се вклучија и помогнаа на несреќните од поплавите во Скопје, заедно со своите пријатели од Балканов и своите млади членови, повторно заедно по состанокот ќе изведат акција за расчистување на зелениот простор од Билјанини извори до хотел Белведере во соработка со ЈП Охридски Комуналец, информираат од акцијалшкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, која е организатор на настанот.
OhridNews












