Во организација на ПХВ младинците од Црвен Крст Охрид викендов се одржа спортско-рекреативен хепенинг за помош на една сама социјално загрозена возрасна жена. Во рамки ја хепенингот вчера се одржа хуманитарно велосипедско возење, на кое се придружија голем број хумани охриѓани, меѓу кои беше и в.д. градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. Се возеше до Горица 3, а на градскиот плоштад имаше акустична свирка во хуманитарни цели. Со собраните средства ПХВ младинците од Црвен Крст Охрид ќе организираат активности за подобрување на условите за живот на една осамена бабичка.

OhridNews

Фото: Анамарија Момироска/ Ристе Лекоски