Со свечената акдемија вечерва ќе бидат заокружени чествувањата по повод патрониот празник на Охрид – Св. Климент Охридски .

На свеченоста на на специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо – -Охрид ќе и биде врачено највисокото општинско признание  наградата Св. Климент Охридски.

Повелби ќе им бидадт доделени на Катерина Бачоска-музички уметник, на манифестацијата “Поетска ноќ во Велестово“ и на ПП “Лескоп“.

По повод празникот Свети Климент-Охридски-патрон на Охрид, утрово во цркковниот храм Свети Климент и Свети Пантелејмон на Плаошник се отслужи празнична богослужба  на која  чиноначалствуваше Неговото високопреосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Утре во 8:30ч. во црквата „Свети Ѓорѓи“ ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Преподобен Алимпиј Столпник“ (Свети Ѓорѓи посен). Богослужбата  ќе започне  во 8.30 часот.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.