Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија по втор пат учествуваше на интернационалниот саем за туризам “Travel Fair” во Приштина, Косово.
Интересот на индивидуалните туристи за туристички локации во Македонија беше ставен на зимските капацитети, Скопје City tours, Кањон Матка и добро познатите дестинации Струга и Охрид.
За време на саемот, претставници на АППТРМ остварија состаноци со менаџерите на туристичките агенции со кои се разговараше за организирање на туристички пакети за Македонија во нивниот систем за резервирање и планирање на патувања.
Македонскиот штанд беше посетен од амбасадорот на Република Македонија во Косово, Илија Страшевски и градоначалникот на општина Струга, Мустафа Забзун. Оваа година туристичкиот производ на македонскиот штанд го претставија претставници од општина Струга и Хотел Скардус од Попова Шапка.
На овој настан кој се одржува по 14-ти пат туристичката понуда ја претставуваат околу 80-тина егзибитори и коегзибитори и истиот е посетен од околу 15 000 гости.
OhridNews












