Охрид и Струга и официјално ја истакнаа својата кандидатура за културни центри во 2007. Во конкуренција уште се и Прилеп, Кичево, Дебар, Радовиш, Кочани и Кавадарци, а советот за култура деновиве треба да реши кој од осумте града ќе биде културен центар годинава.

Во моментов се разгледуваат културните програми на градовите, а победникот ќе биде познат наредната недела. Целта на манифестација е да се доближат културните вредности до граѓаните и да се поттикне заживувањето на културата на локално ниво.За таа намена Министерството за култура одојува околу 5 милиони денари со кои преку целата година се реализираат програми од областа на културата.