Во чест на националниот празник Илинден, делегација на oпштина Охрид, предводена од градоначалникот Константин Георгиески, претставници на општината, пратеници и политчки партии, утрово положија цвеќе пред спомениците на хероите од Илинденскиот период во спомен паркот во центарот на градот.

Свежо цвеќе синоќа прбеше положено и пред паметникот на илинденците во Велгошти.

Празникот Илинден се одбележува со бројни свечености во целата земја.

OhridNews