Општина Охрид во рамки на одбележувањето на 5-ти Јуни Светскиот ден на животната средина прватанедела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности.
Меѓу другото ќе се реализира традиционалниот проект на одделението за заштита на животната средин „Цветни балкони – Цветен Охрид “ во рамки на кој ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско цвеќе. Исто така ќе се реализира акција за собирање на стара хартија во соработка со основните и средните училишта од Охрид.
Акцијата за собирање на стара хартија наменски се организира на крајот од школската година за да можат учениците да ги донесат сите непотребни списанија,тетратки и друга хартија во дворот на нивното училиште каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе можат да се вклучат сите граѓани и институции од Охрид , кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до за нив најблиското училиште.Акцијата за собирање на стара хартија ќе се одвива на 05 јуни (понеделник) 2017г. од 8 до 15 часот.
Целта на организирањето на „Неделата на животната средина“ е што повеќе да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина.
OhridNews












