Општина Охрид во паркот пред хотелот „Милениум“ ќе оформи хортикултурна целина на која ќе бидат засадени  26 садници јапонска цреша,  во спомен на Тоше Проески. Со овој потфат  градот  Охрид ќе се вброи меѓу неколку градови во Македонија кои ја прифатија идејата на ЈП „Македонски шуми “ за засадување на ова украсно дрво во чест на легендарната македонска ѕвезда.

– Оваа идеја ја прифати градоначалникот Петрески, а конкретно ке биде реализирана од ЈП „Охридски Комуналец“ во наредниов период, поточно во време кога ке бидат поволни условите за засадување садници. Оваа иницијатива има за цел легендарниот Тоше и неговата прекрасна музика да остане за навек во сеќавањето на охриѓани. Бројот на засадените цреши симболично ќе го искаже бројот на години што ги имаше Тоше кога загина во сообраќајната несреќа во Хрватска. –се вели во соопштението на  Општина Охрид.

Изборот за засадување на цреша, има за цел симболично да ги овековекови незаборавни стихови на Тоше во песната  Цреша.

E.E.