Во очи празникот посветен на Светите Климент и Пантелејмон охриѓани масовно го посетуваат храмот на светителите на Плаошник каде се изложени моштите на заштитникот на Охрид.

По повод празникот во храмот на Плаошник се одржа богослужба, а чествувањата продолжуваат и денеска со пригодни настани со кои се одбележува 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски.

OhridNews