Во рамки на соработката на градовите кои се дел од проектите кои се реализираат во ”Мрежата на европски езера” во Исео, Италија, се одржува работна срдба на која беа претставени двете нови програми кои ќе се реализираат во рамки на оваа меѓународна соработка чиј дел е и општина Охрид.

Охрид го претставува градоначалникот Никола Бакрачески кој, како што инфирмира општинската прес служба, во знак на протест поради тоа што земјата од која доаѓа не била претставена под уставното име станал од својот стол, а се придружил на работата на конференцијата откако организаторите го корегирале натписот.

OhridNews