Во рамки на одбележувањето на Неделата на животната средина и светскиот ден на животната средина 5-ти Јуни, одделението за заштита на животната средина при општина Охрид, денеска и утре ја спроведува акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид “ во рамки на кој ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на улиците: „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“ и „Кленоец“.
Акцијата ќе продолжи и утре, а раѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП Комуналец од 9 до 13 часот, а со себе да носат документи за лична идентификација на кои ќе биде видлива адресата на живеење.
OhridNews















