По повод 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, денеска пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во Охрид се одржа кулутурно уметнички настан.

Воведна реч за солунските браќа имаше Тоде Илиески од Друштвото на писателите на Македонија, а веднаш потоа делегации на општина Охрид, образовни инситуции, Здруженија на граѓани, невладини организации и поединци од различни сфери, положија свежо цвеќе пред споменикот во градскиот парк.

Во рамките на програмата, градоначалникот Никола Бакрачески на наградените ученици на меѓународни и државни натпревари од охридските училишта им додели подароци.

Настанот беше збогатен со настап на Теодора Ѓоргиеска на гитара.

OhridNews