Кошаркарките на Билјана 006 ќе играат во финалето од плеј-оффот, откако викендов и втор пат беа подобри од Водњански Лисици со 73-62 за конечен триумф од 2-0 . Во финалната серија “подобар од 5” која започнува на 12 Мај ке играат против Вигор Скопје. Во финалето скопјанките ќе влезат со предност од 1:0 поради подобриот скор во меѓусебниот дуел.

___ракомет______________________________

Климент Охридски – Пелистер 16-23 (6-14)

Ракометарите на Пелистер му нанесоа нов пораз на Климент Охридски оставајќи ги заковани на дното на табелата. Имајки во предвид  дека во вториот дел од првенството охриѓани се само статисти и не се очекуваше ништо повеќе од тимот кој во наредната сезона ќе настапува во Првата лига. Во рамките на своите скромни можности домашните пружија млак отпор на противникот кој уште на полувремето направи солидна предност.По влегувањето на резеривстите кај гостите во вториот дел играта беше изедначена за да на  крајот  Пелистерци притиснат и обезбедат мирен финиш .

___атлетика_______________________________

Со атлетскиот миитнг “Отварање на сезоната” во организација на АК Охрид викендов во Охрид започна новата атлетска сезона.

Покрај домакинот АК Охрид – Охрид ,на митингот со свои натпреварувачи се преставија клубовите АК Љуботен – Тетово, АК Работнички – Скопје, АК 7 МАј  -Скопје, АК 3 Ноември – Прилеп ,АК Студент  – Тетово ,АК Изгрев – Велес ,АК Кавадарци  – Кавадарци   Околу 150 натпреварувачи од клубовите продефилираа на Билјани Извори на митингот кој помина во прекрасни услови но без позначителни резлутати. Еве ги победниците во категории:

100 мет (м ) победник  Ѓорески Виктор   3 Ноември  11.86 с
    Новески Даниел  Охрид  12.06 с
    Мирчески СлавчО  Охрид  12.19 с

400 мет (м) Победник Ефремов Христијан Изгрев 52.45 с
    Ѓорески Виктор  3 Ноември 55.40 с
    Љушев Блаже  Охрид  1.02.55 м

1.000 метри (м)  Победник Динески Сашо Работнички  2.39.78 м
      Павловски Огнен Охрид   2.47.64 м

3000 мет (м)  Победник Урумов Тони  Изгрев 10.30.35 м

100 мет (ж)  Победник Рожман Ивана  7 Мај  12.16 с
     Спасеска Александра 3 Ноември 12.97 с
     Лазеска Христина  Охрид  13.73 с

400 мет (ж)  Победник Спасеска Катерина  3 Ноември 1.09.33м.
     Голубова Милка  Охрид  1.13.92 м.

800 метри (ж) Победник Митроска Александра 3 Ноември 2.33.67 м

2000 мет (ж)  Победник Ристеска Христина  3 Ноември  7.26.03 м

Ѓуле (м)  Победник Тушески Трајче   Кавадарци 11.28 м

Ѓуле (ж)  Победник Соколоска Радмила  7 Мај  10.23 м.
     Велјаноска Јулија  Охрид  8.96 м.

Скок во Висчина (ж) Победник Темова Ирена  7 Мај  160 цм

Скок во Висчина (м) Победник Гогов Јане   Кавадарци  170 цм

Скок во далечина (м)  Победник Димитров Борче Кавадарци 6.08 м
      Мирчески Славчо Охрид  5.93 м
      Гогов Јане  Изгрев 5.68 м
 
Скок во далечина  (ж) Победник Спасеска Александра  3 Ноември  4.64 м

Копје (м)   Победник Тушески Трајче  Кавадраци 45.39 м

Копје (ж)   Победник Соколовска Радмила 7 Мај  37.00
                   Вељаноска Јулијана  Охрид  29.89 (личен р.)

Диск (м)   Победник Најдов Васил  Кавадарци  46.85 м
 
Диск (ж)   Победник Вељаноска Јулијана Охрид  31.69 м

М. Постоловски