Охрид забрзано се подготвува за престедателскиот самит и летната сезона !
09.04.08 07:15
Во пресрет на самитот на претседатели на земјите од Централна Европа што во мај ќе се одржи во Охрид, кој воедно ќе ја најави главната туристичка сезона, градот забрзано се уредува. Во тек е голема акција за рaсчистување на крајбрежјето, а најавени се и повеќе проекти за разубавување на центарот на градот. По акциите за расчистување на отпадот во Свети Наум, Љубаништа и Пештани, деновиве слична акција ќе биде реализирана на потегот во Трпејца и Св Стефан.
Покрај ова најавени се и неколку интервенции во централното градско подрачје. Денеска ќе започне уредувањето на улицата „Цар Самоил“ каде ќе се врши санирање и фугирање на камената коцка и подигање на шахтите на потребната висина на коловозот. За да се обезбеди непречено, континуирано и квалитетно извршување на работите, улицата до 11 април ќе биде затворена за сообраќај.
Покрај овие зафати, градоначалникот на Охрид најави и рекоинструкција на централниот плоштад. Покрај адаптацијата на пристапните влезови ќе се отстрани зелениот појас и ќе биде вратен дел од стариот камен, најави Петрески.
Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на...
Од денеска, 21 јуни до 18 октомври, авиокомпанијата Аустриан ерлајнс ќе лета меѓу Виена и Охрид двапати неделно, секој четврток и недела Со свечен пречек и сечење црвена лента, за првиот лет и први...
Под мотото едно езеро – безброј приказни викендов во Струга, во соработка со Europe House Struga и Хотел Дрим, Општина Охрид и Општина Поградец беше одбележан денот на Езерото Посетителите имаа мож...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.