Охридска банка ќе врши исплата на пензии за јуни 2020 година во периодот 26 јуни до 1 јули, најави Банката.

Од 26 јуни пензиите ќе бидат достапни за подигнување преку мрежата од 120 банкомати на Охридска банка и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата каде што подигнувањето средства од дебитна картичка е без провизија. Исплатата на јунската пензија преку благајните во експозитурите на Охридска банка почнува од 26 јуни според однапред дефиниран распоред. – информира банката.

Дефинираниот распоред за исплата на пензија е донесен за да се намали бројот на клиенти во експозитурата и со тоа да се зачува здравјето на клиентите и вработените, велат од Охридска банка.

Сите клиенти приматели на пензија имаат можност да извадат дебитна картичка од Охридска банка која е бесплатна, за сите оние кои ќе аплицираат за неа до 30 Септември 2020 година, на тој начин клиентите ќе ги избегнат посетите на експозитурите и поедноставно ќе управуваат со своите парични средства. – соопшти Банката.

Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти да внимаваат на препораките за заштита од корона вирусот при посета на експозитурите на Банката. Носењето респираторна маска е задолжителна обврска при влез во објектите на Банката, како и чекањето ред на пропишано растојание од 2 метри. Во сите објекти на Банката се поставени средства за дезинфекција.

OhridNews