Центарот за култура „Григор Прличев“ и книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје денеска во Охрид ќе ги промовираат историските дела: „Придонесот на Македонија во светската цивилизација“ и „Од Панонија до Егејот“ од авторите Антоније Шкокљев – Дончо и Славе Николоски – Катин.

Промотор ќе биде професор Вера Стојческа – Антиќ.

Промоцијата ќе се одржи во изложбениот салон на Центарот за култура во 20.15 часот.