Неодамна проф. д-р Бона Бајрактарова – македонски стоматолог, специјалист по детска и превентивна стоматологија и поранешен универзитетски професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје беше во посета на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид информираат од установата.

Д-р Бајракатарова во таа пригода донираше неколку свои и трудови објавени во годините наназад во соработка со нејзини соработници. И на овој начин го збогатуваме фондот на стручна литература достапен до сите членови, додаваат во соопштението од Библиотеката.

Воедно упатуваат благодарност до Д-р Бајрактарова за овие вредни трудови.

OhridNews