По објавувањето на текстот на OhridNews за расфрланиот и несоодветно депониран отпад кај дискотеката „Парк“, од страна на јавното претпријатие „Охридски Комуналец”, веднаш беше реагирано и нивните екипи го расчистија просторот.
– До кога вака, кога знаеме кои се сторителите? Напоменуваме комуналниот отпад да се депонира во соодветните садови поставени за истиот, а за другиот (кабаст, зелен) отпад да бидеме известени на нашите дежурни телефони за истиот да биде подигнат, потенцираат од јавното претпријатие.
Со тоа би се ибегнало создавање на депонии, што претставува грда слика за нашиот град.
OhridNews













