По завршувавањето на куп натпреварите каде не успеаа да се пласираат во финалето убедливо беа поразени од освојувачот Вигор со 81-51 , кошаркарките на Билјана 006  викендов ги започнуваат наптреварите во разигрувањето за шампион на македонија .Серијата до две победи 2 ја започнуваат против Водњански лисици утре во Скопје.Вториот натпревар се игра во среда во Билјани ,до колку се игра мајсторка таа ке се игра во скопје .Лидерот Вигор во серијата со Изградба Комерц ке влезе со предност од 1-0.По неколку годишната доминација на Кимико ,оваа сезона Македонија ке добие нов шампион во женска конкуренција .

По солидното преставување на завршницата на Македонскиот куп ,каде во добра игра беа поразени од Струмица,црвено-белите на  АМАК СП се враќаат на натпреварите во првата Б лига.фаворитскта улога ке треба да ја потврдат на мечот со Леов Ангели .
Со натпреварот Струмица – Пелистер започнуваа разигрувањето кошаркарскиот шампионат,. Струмичани стартуваат со предност од 1-0 во победи, бидејќи во лигашкиот дел од сезоната трипати беа поуспешни од битолчани. шампионот Работнички одбраната на титулата ке ја започоне против акутелниот освојувач на купот Вардар Осигурување Скопските ривали (претходните 2 сезони играа во финалето), почнуваат од нула. Финалист ќе стане тимот што ќе дојде до три победи. 

Викендов започнуваат и натпреварите во play-off  од кошаркарското кадетското првенство на Македонија. Двата натпревари против Струмица ,кадетите на Колибри ке ги одиграат во недела како гости .

Фудбалерите на Илинден  во сабота во Велмеј го пречекуваат лидерот во втората лига Кумановски Милано.во меѓусебниот дуели со Милано сезонава Илиндеци забележаа еден пораз на домашен терен 0-1 ,а извадоа реми на гостувањето во Куманово 2-2 .По победата над Слога Ј од 2-1 Караорман патува во Неготино против Вардар .

Пелагониското дерби во првата фудбалска лига Победа – Пелистер ке го суди Шулески Стефчо ,а ке му помагаат Негриески Кирил и Неделскоски Драге ,4 судија е Маркоски Марјан .
Тикоски Тоде ке биде главен на натпреварот од втората лига помеѓу Скопје и Турново,а ке му помагаат Грданоски Симе  и Тодороски Жарко. Четврти судија е Ецкоски Марјан .

Во рамките на второто коло од екипното првенстово во Македонија, Бк Охрид патува во Штип . Комплетната постава ја има на располагање тренерот Огненов Алексо .Во сениорска конкуренција ке настапат Алиу Гзим ,Веселоски Сенат и Јоноски Илче,во кадетска Усеини Линдим и во јуниорската категорија Лескароски Саше,Ристески Бојан и Исоски Сурија .

Фенeрџијата во ракометното првенство Климент Охридски натпреварот од редовното коло против лидерот Вардар поради финасиската ситуација на клубот како домакин ке го игра во Скопје .

Во полуфиналето на машкиот ракометен куп ке играат Металург и Вардар про. Скопските екипи ќе играат помеѓу себе уште во полуфиналето, на 4 мај, во Скопје, а во вториот дуел ќе играат Пелистер и Младост. Финалето се игра на 6 мај, во СРЦ „Кале“.
Вардар про понуди 3.000 евра за добивање на организацијата, но откако претходно беа извлечени полуфиналните двојки. Предлогот на Вардар про, финалниот турнир да се игра во Охрид, најмногу поради присуството на Хасан Мустафа, претседателот на ИХФ, отпадна, зашто на 5 мај во Скопје треба да се одржи Собранието на РФМ, а следниот ден е ждрепката на групите за младинското СП 2007, чиј домаќин сме во август.

М. Постолоски